ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ ја започнаа кампањата „Прав(д)а за сите“, која е дел од проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето.
Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна да ги рефлектира и можностите за борба и еманципација.
Во кампањата учествуваше Беким Асани од ЛГБТИ Јунајтед Тетово, кој истакна дека: „Во последните години во ЛГБТИ активизмот на локално и национално ниво гледам прогрес и зајакнување на ЛГБТИ заедницата“.
Борјана Мојсовска го акцентираше својството на јазикот во различните начини на живот: „Јазикот што го користиме и зборовите што ги употребуваме помагаат да ја формираме реалноста помеѓу нас“.
Елена Петровска ја промовираше Сигурната куќа: „Порано немаше каде да се побегне, да се најде засолниште во моментите кога тоа е најпотребно, затоа ние ја создадовме Сигурната куќа“.
Лазар Јотев зборуваше за своето искуство: „Со денови сакав да ја кажам мојата вистина, и еден ден ја кажав“.