Сокриена на врвот на новозеланскиот полуостров Коромандел и пристапна само преку диви патишта, се наоѓа комуната Махана. Основана во 1978, речиси 40 години нејзините жители биле оттргнати од општеството и живееле во затворен круг.
Нивната приказна ретко кој ја пренесувал. Но сега, утопискиот сон пропаѓа. Екипата на Vice го посетила Артур, еден од ретките преостанати членови на Махана, за да научи за неговиот живот во отуѓенос, битката со другите жители и надежите да ја види долината повторно во исто светло.
Документарецот прикажува прекрасен социјален експеримент кој се претворил во неуспех на изолираната хипи комуна во дивината на Нов Зеланд.