[Видео] Поштенски дрон во Русија уништен уште на првиот лет

Тестирањето на нов начин за доставување пошта со дрон во Русија заврши со спектакуларен неуспех во сибирскиот град Улан-Уде.

Дронот кој чини околу 20.000 долари, носел пакет тежок 2 килограми до село кое се наоѓало во близината, кога веднаш по полетувањето удри во зграда и се распадна.

Ројтерс пренесува дека Руската пошта брзо се дистанцирала од рушењето на дронот, објаснувајќи дека биле присутни на тестирањето само како гости.

Рускиот поштенски сервис претходно најави планови во 2016 година да започне со користење на дронови за доставување пратки низ огромната држава.