[Видео] Пијано направено од стапчиња за јадење

Стапчињата за јадење не мора да се користат само при оброк. Композиторот и иноватор од Токио Сами Елу создаде „пијано“ од стапчиња за јадење, кои ги користи за да ги удира жиците за пијано, додека стапчињата ги користи како клавијатура. Исто така, има и мал тапанарски сет.

Сепак, ова не е првото пијано направено од стапчиња, но е најсложено. Елу градел различни верзии на неговата иновација со години и планира да продолжи.