[Видео] Париз наспроти Њујорк, низ анимација

Во 2012, објавена е популарната книга на илустрации „Париз против Њујорк“ на францускиот графички артист Вахрам Муратјан. Во книгата, преку илустрации се опишуваат сличностите и разликите меѓу двете метрополи.

Сега, студиото за дизајн Nord Collective направи куса анимирана верзија на книгата, користејќи ги оригиналните илустрации само како инспирација. Анимацијата е шармантен приказ на најинтересните спротивности и заеднички страни на Париз и Њујорк:

Paris – NewYork from NORD on Vimeo.