[Видео] Панел дискусија: Панамски документи

„Случајот Панама“, добитник на Пулицерова награда, е истражување што ги опфати 11,5 милиони доверливи документи со информации за над 214 000 оф-шор компании.

Токму Панамските документи беа тема на панел дискусијата што се одржа викендот како дел од Првиот истражувачки филмски фестивал во Скопје. За нив разговараа Беноа Бринже и Алесија Черантола, новинари кои беа дел од опсежното истражување предводено од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кое вклучуваше повеќе од 300 новинари од шест континенти.

Кои се најголемите откритија поврзани со панамските документи? Како ова обелоденување влијаеше на впечатокот што јавноста го имаше за политичарите и другите богати моќници што затајувале данок? Ова се дел од прашањата што се отворија на панел дискусијата посветена на овој извонреден новинарски потфат.

Во продолжение, погледнете го видеото од преносот во живо на дебатата што го обезбеди Радио МОФ.