[Видео] „Оставка градоначалниче, предајте се“ – нова герила акција во Битола

Со бело знаме и маица на која пишува поддршка за СЈО, активисти од Битолско движење порачаа „Оставка градоначалниче, предајте се“.

Герила акцијата се случи во битолската библиотека за време на промоција на книга на режисерот Љубиша Георгиевски, на која присуствуваше и градоначалникот Владимир Талески. Како што се гледа на видеото, Георгиевски се насмевна и ги подигна двете раце, но активистите му посочија дека бараат оставка од битолскиот градоначалник.

Ова не е првпат активистите од Битолско движење да го изненадат битолскиот градоначалник со своите акции. Претходно, тие го пречекаа со транспарент „Честито аболиција“, фрлајќи врз него лажни банкноти, потсетувајќи на сумата за која СЈО го сомничи Талески во случајот „Транспортер“. Од „Битолско движење“ велат дека нема да престанат и најавуваат нови акции во наредните денови.