[Видео] Образованието – прозорец на можности за девојчињата Ромки

Институтот за човекови права по повод 8 април, Светскиот ден на Ромите, го објави видеото „Образованието – прозорец на можности за девојчињата Ромки“ . Целта на видеото, појаснуваат, е да се мотивираат ромските девојчиња да продолжат со своето образование, но и да им се покаже на сите граѓани дека стереотипите треба да се срушат и дека нивното постоење е неосновано.

Во видеото успешните жени Ромки го раскажуваат својот пат до успехот, се преставуваат себе си и свoето образование, со што стануваат одлични примери за силата на образованието во градењето на карактерот и животот на една жена.

Целна група на ова документарно видео се девојчињата Ромки во основно и средно образование. Видеото е изработено во рамките на проектот „Унапредување на правото на образование на децата Роми со посебен фокус на девојчињата Ромки“ реализиран од страна на Институтот за човекови права, а финансиски поддржан од Амбасадата на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора.