[Видео] Објавени добитниците на Златните Глобуси

Синоќешното доделување на 72. Златни Глобуси , мина во знакот на филмот „Boyhood“ на режисерот Ричард Линклејтер кој ја освои американска филмска награда Златен глобус во три категории – за најдобар драмски филм, за режија и за споредна женска улога која и беше доделена на актерката Патриша Аркет.

Филмот „Grand Budapest Hotel“ ја зема наградата во категоријата комедија, на синоќешното доделување на филмските награди во Лос Анџелес.

Златен глобус за најдобар актер во драми му беше доделен на Еди Редмејн за улогата во филмот „ The Theory of Everything“, а Џулијан Мур беше прогласена за најдобра актерка во „Still Alice“.

Најдобар актер во комедија е Мајкл Китон во филмот „Birdman“, кој пак беше и фаворит на годинешниот Златен глобус. Најдобар актер во споредна улога пак е Џ.К. Симонс во филмот „Whiplash“, додека Ејми Адамс доби Златен глобус за најдобра актерка во комедијата „Big Eyes“.

Наградата за најдобар анимиран филм ја доби „How to Train Your Dragon 2“, за најдобро сценарио беа наградени Алехандро Гонзалес Инариту, Николас Џиакобоне и Армандо Бо за „Вirdman“. Рускиот филм „Левијатан“ пак беше прогласен за најдобар странски филм.

Наградата за најдобра музика му беше доделена на Јохан Јохансон и филмот „The Theory of Everything“, а за најдобра оригинална песна беше прогласена „Glory” од Selma.