[Видео] Објавен трејлерот за „Deadpool“

Deadpool е неконвенционален лик од стриповите на Marvil кој ќе добие и филмска верзија. Вчера беше објавен трејлерот за најновиот филм што ја раскажува приказната на поранешен човек на Специјалните сили кој се претвора во платеникот Wade Wilson. Тој откако бил дел од експеримент добива моќ на брзо заздравување. Наоружан со неговите способности и сарказам го гони човекот кој речиси го уништил неговиот живот.

Филмот се очекува да излезе во февруари, 2016 година.

Претходно, излезе трејлер во кој главниот лик го најавува трејлерот за филмот.