[Видео] Новинарки на „Нова“ нападнати од белградската полицијата втора ноќ по ред

Новинарките на порталот „Нова.рс“ Милица Божиновиќ и Наташа Латковиќ на вчерашниот протест во Белград беа нападнати од полицијата за време на нивното известување од терен.

Полициските службеници со пендрек ја удриле Божиновиќ по прстите по што нејзиниот телефон излетал, додека Латковиќ била турната од полицијата. Новинарките им се легитимирале на полицајците, но, како што наведуваат од „Нова.рс“, тоа нив тоа не ги интересирало, по што продолжиле да ги напаѓаат и туркаат.

„Јас сум новинарка, зошто ме удирате. Јас сум новинарка“, извикува Божиновиќ во видеото кое беше објавено од српските медиуми, додека полицаецот продолжува да ги напаѓа новинарките.

„Ова е катастрофа. Нив не ги интересираше тоа што сме новинарки. Ме удри со пендрекот два пати, Наташа ја турна. Почнав да се тресам“, изјави Божиновиќ.

Полицијата во два наврати го нападнала и нивниот колега Марко Радоњич, кој исто така се легитимирал, пишуваат од порталот.

Божиновиќ беше нападната од полицијата и пред два дена кога пробувала да помогне на повредено лице. За време на протестите беа нападнати и новинарка и снимател од телевизијата Н1, како и двајца сниматели на агенцијата Танјуг.

„Минатата ноќ полициските сили употребија прекумерна сила врз граѓаните, некои демонстранти беа насилни и во толку екстремно опкружување беа нападнати новинари. Ја повикуваме полицијата да обрне внимание и да ги заштити екипите на медиумите и нашите колеги да носат картички и да избегнуваат ситуации кои би можеле да ја загрозат нивната безбедност“, рече Жељко Бодрозиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија (ИJАС).

Бодрозиќ изрази жалење што РТС, јавниот сервис на Србија, не успеа да ги информира граѓаните на Србија за драматичните настани што се одвиваа и додаде: „Би сакал да ги истакнам медиумските екипи на ТВ N1, Al Jazeera Balkans, Нова порта, дневникот Данас и други професионални медиуми кои храбро известуваа за настаните и што даваат навремени и објективни информации за протестите пред граѓаните на Србија и регионот“.

Мрежата „SafeJournalists“, претставувајќи повеќе од 8.200 новинари и медиумски работници во Западен Балкан, го осуди насилството врз новинарите и му се придружува на нејзиниот член НУНС во своите барања до српските власти.

„Во согласност со своите овластувања, полицијата мора да обезбеди безбедно работно опкружување за новинарите и мора да утврди кој и зошто ги нарушил правата на новинарите за време на протестите. Таа мора да утврди дали полициските овластувања биле надминати и ако е така, одговорните лица мора да сносат одговорност“, стои во соопштението на мрежата.

Инаку, вчера беше одржан и вториот  антивладини протест во Белград, но и во неколку други градови низ Србија, а граѓаните се револтирани од тоа како власта се справува со ситуацијата со коронавирусот.

Камења кон полицијата, солзавец за демонстрантите на вториот ден протести низ Србија