[Видео] Нов видео-запис на групата „Нокаут“

Групата „Нокаут“ вчера на својата официјална Фејсбук страница го претстави новиот видео-запис за песната „Желба“ која е дел од нивниот последен албум „Нокаут III“.

Автор и режисер на видео записот е Милена Станишлевиќ, а како автор на музиката на „Желба“ потпишан е Никола Перевски, додека текстот е дело на Владимир Поп Христов – Мио.