Американско-чилеанскиот музичар Nicolas Jaar напиша комплетен саундтрак за антологискиот советски и ерменски авангарден филм „Бојата на калинките“ на режисерот Сергеј Параџанов (Саркис Параџанјан) од 1969, кој се смета за едно од најважните филмски ремек-дела на 20 век.
Оваа филмска класика е биографија на ерменскиот трубадур од 18 век Sayat-Nova, која го претставува неговиот живот, од детството до смртта. Музиката на Jaar е интересна, електронска и експериментална, прилагодена на времето кога е издаден филмот и на неговата алтернативна природа. Таа може да се слушне во целост, заедно со оригиналниот филм, во траење од 80 минути: