[Видео]Нема студентски попусти за македонските студенти

Нема студентски попусти за македонските студентиБесплатен превоз, попусти за храна, книги, но и културни манифестации се секојдневие за европските студенти. Македонија географски е дел од Европа, но за македонските студенти речиси и да нема студентски попусти. Освен неколку картички, како македонската ЕДУ и европската студентска ISIC картичка, други поволности нема.

„Македонија е единствена балканска земја која нема сопствена студентска картичка за попуст“, вели Сања Апостолска, од порталот „Да научиме“.

За да се увериме каква е состојбата со студентите надвор од Македонија, се распрашавме во Словенија и во Холандија. Дека постои разлика помеѓу студентските попусти кај нас и во останатите eвропски земји, зборуваат Драган Цибрев, македонски студент кој преку програмата Еразмус моментално студира во Словенија и Јон Јоновски, кој е Холанѓанец со македонско потекло. И двајцата ги најдовме на скајп.

Освен Словенија и Холандија, Шпанија и Данска се земјите во кои им се дава предност на студентските попусти. Во овие држави студентската картичка за попуст е најнормална работа која скоро секој студент ја има. Од балканските земји пак, Хрватска веќе 8 години користи иста картичка. Македонија се уште стои зад регионот.

Емилија Петреска