[Видео] На Час: Најдобрите оратори на УКИМ за квалитетот на јавниот говор

Каков е квалитетот на говорот кој се користи во јавноста? Која оценка би добиле македонските политичари на ораторски натпревар? Што од образованието би била тема на еден ораторски настап? На овие прашања во новата епизода „На Час“ разговаравме со дел од најдобрите говорници од УКИМ кои беа наградени на 23-тите Ораторски вечери „Иво Пухан“.

Со првонаградениот Стефан Солев, од Економскиот факултет и Христијан Наумовски од Правниот факултет, разговаравме и за тоа како ја избрале темата за овогодишните говори, како и за ситуацијата во кои се наоѓа високото образование.

Даниел Евросимоски