[Видео] Марко од Србија бос ја преминува Пчиња за да учи во Македонија

11-годишниот Марко Арсовски од селото Старац во Србија, секојдневно бос, или со трактор, ја преминува реката Пчиња за да пристигне на училиште. Тој е ученик во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце, Старо Нагоричане.

Неговото семејство живее во трошна куќа од српската страна на границата, речиси отсечени од остатокот од државата. Најблиското училиште во Србија се наоѓа дури на 70-тина километри.

Најголем проблем за ова семејство е што нема мост. Тој би им го олеснило извршувањето на најосновните потреби. Но, мостот им е потребен и за да можат да го пренесуваат најмладиот син Дарко на редовни контроли во Куманово и Скопје, бидејќи е со вроден инвалидитет.

Во продолжение, погледнете го краткото видео на Емилија Петреска од посетата на семејството на Марко.