[Видео] „Кон правдата“ – документарен филм за политичката дискриминација во Македонија

Кон правдата“ е документарен филм изработен од новинарите Љубиша Арсиќ и Жарко Настоски, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права – Македонија и со поддршка од Кралската амбасада на Норвешка во Белград. Монтажата е на Миле Манев.

Филмот се занимава со темата на дискриминацијата врз основа на политичка припадност во македонската администрација. Во него се интервјуирани жртви на политичка дискриминација, експерти за човекови права од граѓанскиот сектор, претседателот на државната Комисија за заштита од дискриминација Душко Миновски, како и судиите Санде Зиков (од Основниот суд Скопје 2), Наташа Габер-Дамјановска (од Уставниот суд) и Мирјана Лазарова Трајковска од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Филмот завчера (9 декември) беше промовиран на посебен настан во клубот ГЕМ, во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права (10 декември).