[Видео] Историски лет над Ламанш со „Флајборд“

Француски иноватор е првиот човек кој го прелета каналот Ламанш со „Флајборд“.

Четириесетгодишниот Френки Запата утрово полета во 8:15 часот од Санжат, во близина на Кале, и слета во заливот Сент Маргарет во Довер. Летот долг 35,4 километри траеше 22 минути.

Тој првпат се обиде да го прелета Ламанш со својот изум пред десетина дена, но поради проблеми со доводот на горивото го одложи подвигот. Идејата беше да прелета на денот кога пред 110 години Луј Блероа прв го прелета Ламанш.