[Видео] Илина Арсова од Алјаска даде поддршка за Шарената револуција

Илина Арсова, првата Македонка на Еверест, која го освоји и врвот на Северна Америка, (Денали 6190 мнв во Алјаска) упати видео поздрав до ‪Шарената револуција. Познатата алпинистка, во мај 2013 година го искачи врвот Монт Еверест на висина од 8.848 метри.

Погледнете го нејзиниот шарен поздрав:

Шарената револуција продолжува со протестите и денеска, во 18 часот пред СЈО.