[Видео] Хаус музиката првпат на телевизиски вести во Чикаго во 1986

Оваа снимка од вестите на една локална телевизија во Чикаго во 1986 е од првиот телевизиски прилог посветен на хаус музиката, која тогаш за првпат излегува од андерграунд круговите и добива внимание во мејнстримот. Во прилогот се појавуваат некои од пионерите на чикашката сцена и на хаус музиката воопшто, како Danny (Sweet-D) Wilson, Farley (Jackmaster) Funk, Steve (Silk) Hurley и Keith Nunnally.