[Видео] Фрешис, Вело Кафе, АРНО – социјални иновации за подобар живот

Фрешис е „дуќанче“ за храна кое станува култно место за скопјани. Вело Кафе е подвижен локал кој ја промени културата на пиење кафе, селејќи го од кафулињата кон Градскиот парк. АРНО пак е невладина организација водена од млади луѓе во чија срж се социјалните иновации. Иако различни концепти, едно е заедничко за трите организации –  дел од своите средства ги донираат за јавното добро. Препознавајќи го социјалното претприемништво како одличен модел, двојат храна за бездомниците, организираат акции за животната средина,  им помагаат на младите луѓе и се водат од девизата – прави добро, за да ти се врати со добро.

Што е социјално претприемништво и кои се успешните приказни во оваа област погледнете во видеото на Јасмина Јакимова и Горјан Атанасов.