[Видео] Да ти нацртам: Должничко профитерство

Во новата епизода на анимираниот серијал „Да ти нацртам“ на Балкон3 тема се високите трошоци кои граѓаните ги плаќаат за извршителските услуги.

„Од нашите тајни но многу сигурни извори дознаваме дека хартијата на извршителите не била со позлатени рабови, туку била истата како и во продавницата. Само била 100 пати поскапа зашто законот тоа го дозволувал. Истите извори, кои ве уверуваме дека се многу добри познавачи на проблематиката, ексклузивно за нас потврдија дека извршителите не користеле вселенски бродови за достава на писмата, туку обични превозни средства“, се наведува во видеото.

Новата епизода наречена „должничко профитерство“, погледнете ја во продолжение: