[Видео] Боби Дојчиновски: бавниот Њујорк

Македонскиот фотограф Боби Дојчиновски, кој живее и работи во Њујорк, а со чии дела веќе се имаме запознаено, деновиве е актуелен со уште една атрактивна снимка на американската метропола. Тој направи хипнотичка, забавена снимка од улиците на Њујорк, во која забрзаниот живот во велеградот добива несекојдневна и оригинална уметничка „жица“, а луѓето се претвораат во движечки скулптури.

„Забави и уживај во животот. Кога се движиш пребрзо, не го пропушташ само пејсажот и погледот, туку го губиш и чувството за тоа каде одиш и зошто“, вели авторот.

Slow New York from Bobi Dojcinovski on Vimeo.