[Видео] „Бернејс пропаганда“ објавија спот за песната „Мојата Марија“

Македонскиот состав „Бернејс пропаганда“ вчера во МКЦ се дружеа со публиката додека го слушаа новото EP „Ништо нема да не раздели“, а денес преку „Јутјуб“ го објавија и спотот за темата „Мојата Марија“.

Спотот е во режија на Милан Блажевски, а е снимен во Детскиот креативен центар во МКЦ.

Преку песната и спотот повторно се критикува целото политичко загадување и лажните вредности и амбиции, кои го оптеретуваат општествениот простор и младите генерации.

„Ништо нема да не раздели“ излезе на 12 декември за издавачите „Мунли“, „Грингер“, „Поп Депресија“ и „Балкан Велики“. Има 3 песни снимени во „Студио 1060“ со новата постава која покрај Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев е засилена со Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски, а како гости се појавуваат Тони Китановски и Мајк Ват.

Ова е најава за новиот албум на „Бернејс“ – „Втора младост, трета светска војна“.