[Видео] Астронаути на НАСА со летало на „Спејс екс“ полетаа до Меѓународната вселенска станица

Четворица астронаути на НАСА денеска од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида полетаа кон Меѓународната вселенска станица (ИСС), каде ќе минат шест месеци.

Ракетата со капсулата ја изгради приватната компанија „Спејс екс“ на Илон Маск. Ова е прв пат екипаж да лета со „рециклирани“ ракета и капсула.

Речиси 24-часовното возење до вселенската станица, која се наоѓа на 400 километри од површината на Земјата, требаше да започне вчера, но беше одложено за денес поради лошите временски прогнози.

Во екипажот се Шејн Кимбро и Меган Мекартур од НАСА, Французинот Томас Песке од Европската вселенска агенција (ЕСА) и Акихидо Хошиде од Јапонската аеронаутичка и вселенска истражувачка агенција (Јакса).

Тие ќе ги заменат четворицата астронаути на Кру 1 мисијата кои се враќаат на Земјата.

„Спејс екс“ на Илон Маск стана омилен превозник на НАСА, бидејќи Боинг доцни со тестирањето на својата вселенска капсула Старлајнер.

Првиот лет со екипаж на „Спејс екс“ во мај 2020 ја прекина деветгодишната американска зависност од руските ракети Сојуз за транспорт до ИСС.