[Видео] Анимација на НАСА за фазите низ кои минува „темната“ страна на месечината

НАСА, користејќи податоци од  „Lunar Reconnaissance Orbiter“, создаде нова анимација која дава поглед на темната страна на месечината, односно ги покажува месечевите фази кои можат да се видат само ако се отпатува над најголемиот сателит на Земјата.

„Токму како и страната која ја гледаме секој ден, другата страна на месечината поминува низ фази во зависност од тоа под кој агол паѓа сончевата светлина. Сепак поради разликата во географијата, таа изгледа малку поинаку од онаа која ја гледаме од Земјата“, појаснуваат од НАСА.