Амбасадори од повеќе земји во заедничка изјава потенцираа загриженост од инцидентите и насилството во Парламентот.
„Во последните часови слушнавме вознемирувачки вести за настани кои што се случуваат во Собранието што резултираат со насилство, инциденти, каде што имаме информации дека маскирани напаѓачи извршиле напади врз некои пратеници во Парламентот на Република Македонија. Ова не е време за насилство, ова се вознемирувачки вести.
Ова е време за дијалог, не е време за насилство. Апелираме до сите страни да се воздржат од потпалувачка реторика и од активности кои можат да ги разгорат работите. Исто така, апелираме дека полицијата има одговорност за воведување на редот“, рекоа дипломатите.