Вестите преку „Фејсбук“ сепак ќе бидат достапни за австралиските корисници

Фејсбук ќе ги врати вестите на „ѕидовите“ на граѓаните во Австралија, откако австралиските власти се согласија да го изменат предлог законот според кој социјалните мрежи и „Гугл“ требаа да ги исплаќаат медиумите за нивната содржина.

Минатата недела, „Фејсбук“ ги блокираше австралиските вести на својата платформа, заедно со владините официјални профили, вклучувајќи ги и оние за здравство и итните служби.

Ваквата одлука го шокираше мнозинството, а чинот беше протолкуван како директна порака дека останатите земји не треба да ја спроведуваат ваквата одлука на нивните територии.

Историската одлука за блокирање на вестите на австралиските социјални мрежи беше резултат на тензиите околу нов предлог закон, според кој технолошкиот џин требаше да им наплаќа на медиумите за користење на нивната содржина.

Министерот за комуникации Пол Флечер истакнал дека се постигнал компромис помеѓу двете страни, откако предлог законот бил расправан во Сенатот 11 часа.

Со новиот компромис, властите во Австралија нема да го аплицираат новиот предлог закон кон „Фејсбук“, доколку компанијата може да прикаже дека потпишала доволно договори со медиумите за нивно исплаќање. Истовремено, властите ќе им дадат рок од еден месец за приговори на компаниите, меѓу кои и „Фејсбук“.

Вил Истон, одговорниот директор на „Фејсбук“ во Австралија, го потврди соопштението дека вестите ќе се вратат на платформата во наредните денови, согласно со договорот со властите.

„Задоволни сме што постигнавме договор со австралиските власти и ја цениме конструктивната дискусија која ја имавме со министрите. По долгите дискусии, задоволни сме што австралиските власти се согласија на бројни промени и гаранции кои беа наши главни грижи, како воведувањето на комерцијални договори кои ја препознаваат вредноста што нашата платформа за медиумите како и вредноста која ние ја имаме од нив“, изјавил тој во своја блог објава.

Извор: Guardian