Велосипедисти од иницијативите НаТочак од неколку градови од земјава велат дека во ситуација на климатски хаос, огромно загадување, физичка неактивност на населението, небезбедност во сообраќајот итн, очекуваме поддршка во заложбата дека работите во планирањето мора итно да се променат. Затоа, бараат неколку промените во Законот за урбанистичко планирање.
Здружените иницијативи НаТочак од Скопје, Битола, Прилеп и Гостивар, сметаат дека
Законот мора да се заснова на сосема поинакви вредности и поинакви процедури, ако сакаме да видиме сосема поинаква изградена и животна средина.
Оттука, меѓу другото, предлагаат воведување на нови основни поими и дефиниции во урбанистичкото планирање како: Енергетски ефикасен град, Одржлив транспорт и План за одржлива мобилност. Потоа, воведување на нови начела на кои ќе се темели урбанистичкото планирање како: Одржлив урбан развој, Примарно остварување на јавниот интерес и Усогласеност на урбанистичкото и сообраќајното планирање.
„Задолжително побарување и пропишување мерки за одржлива мобилност и мерки за безбедност во сообраќајот во сите урбанистички планови; Задолжителна јавна презентација, расправа и анкета и за Генералните урбанистички планови. Главниот документ за градот не смее да се носи во тајност. Донесување на Планови за одржлива мобилност за сите населени места со над 10 илјади жители во координирана постапка со Генералниот план. Донесување на повеќе релевантни правилници под капата на Законот за урбанистичко планирање кои моментално не постојат: Правилник за велосипедска инфраструктура, Правилник за пешачка инфраструктура, Правилник/Методологија за изработка на План за одржлива урбана мобилност, Правилник за урбана опрема и други релевантни правилници“, велат од здружените велосипедисти.
Овие предлози ги испратиле до Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието и се надеваат дека ќе бидат прифатени во понатамошната процедура.
Подетално предлозите и образложенијата прочитајте ги на блог-постот.