Вело патешествие во „Педала“: Музика и патување со точак

Во социјалниот велосипедски центар „Педала“ утре (14 ноември) од 21 часот ќе се одржи настанот „Вело патешествие: Музика и патување со точак“.

„До сега сме имале многу авантури на точак презентирани, но ниту една не била така звучна каако оваа. Антон Курутчет од Баскија ќе ни раскаже за неговото искуство во патување на точак со музичари. Тие патуваат преку ден, а свират навечер. Моментално Антон е на минување низ Македонија, но тој ќе остане еден месец, па може и ќе го слушнете како свири некаде“, соопштуваат од „Педала“.

Поради ограничениот број на места, апелираат до заинтересираните да го резервираат и потврдат учеството на овој настан.

„Социјалниот велосипедски центар Педала е поддржан од луѓето како тебе, со донација или ченарина. Сподели го настанот, учествувај, поддржи ја ‘Педала’“, стои во повикот за настанот.