Вечерва започнува транс фестивалот „До Зора“ во Делчево

Вечерва, со почеток од 20 часот, ќе започне дводневниот фестивал на транс музиката „До зора“ во Делчево. Годинашното издание е со нова локација, односно музичките настапи ќе се одржат во локалитетот „Кулата“ кај село Чифлик.

Со нови изведувачи, 24-часовна музика на отворено, бесплатен влез и кампување, организаторите ветуваат одлична забава во природа.

Во текот на фестивалот, ќе се претстават AlnilamStefastral GoatronZopmanikaSalidelicKliment LMerkabahRam Ham и Plastic B.