Веб-страница покажува како изгледа да се чита со дислексија

Програмер создаде код кој им покажува на луѓето како изгледа да се има дислекција, а може и да се испроба. Откако негова пријателка му опишала како изгледа да се биде со дислексија, Виктор Видел одлучил да ги претвори нејзините зборови во симулација, така што луѓето ќе можат да разберат како е да се биде дислексичар.

Дислексијата е постојана состојба која влијае на пишувањето, читањето и зборувањето, може да биде честа, но се уште не е целосно разбрана. Пријателката на д-р Видел, објаснила како изгледа да се чита додека буквите ги менувале местата пред да успее да сфати што е зборот. Ова значително го отежнува и го одолговлекува нејзиното читање. Тој создал код кој демонстрира како изгледа тоа, а може да се испроба овде.

Меѓутоа, неговиот текст не е совршен, бидејќи постојат многу видови на дислексија. Не секој што е дијагностициран со оваа состојба го доживува текстот подеднакво. Некои од коментарите на неговата веб-страница се дека не е премногу тешко, други велат, пак, дека е малку различно, додека дислексичарите велат дека оваа состојба претставува вистинска тешкотија за нив.