Вануату користи дронови за дистрибуција на вакцини

Бебе од мал остров на Пацификот стана првата личност која доби вакцина дистрибуирана со комерцијален дрон.

Тој летал 40 километри над планините на Вануату, за кои обично се потребни часови за да се поминат.

Околу 20 отсто од децата на оваа островска држава не ги примаат важните вакцини бидејќи дистрибуцијата е премногу тешка.

Од УНИЦЕФ се надеваат дека дронот во иднина ќе биде од големо значење за оддалечените области.

„Денешниот мал лет на дронот е голем скок за глобалното здравје“, вели извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.

„Додека светот сè уште се бори да ги имунизира децата, технологиите за дронови може да бидат менувачи на играта за премостување на последната милја за да стигнат до секое дете”.

Две компании конкурирале за проектот во Вануату, за на крај да победи австралиската „Swoop Aero“ по неколку успешни проби претходниот месец.

Од лекот биле вакцинирани 13 деца и пет бремени жени.

Без дрон, овој предел е достапен само пешки, или со брод – и за двата пристапи се потребни часови, наспроти 25 минути кои дронот ги прелетува за да стигне до селата.

Медицинските набавки треба да се чуваат на ниски температури, а обично е тешко да се пренесуваат кутии со мраз за да се одржуваат вакцините ладни додека се оди преку реки, планини, на дожд и карпести предели. Поради ова, вакцините пристигнуваат само еднаш месечно.