Со продолжувањето на зимскиот распуст, Кинотеката реши да ги почести најмладите посетители со надополнета филмска недела. Па така, во програмата „Кино утро“ се додадени нови филмски проекции кои ќе се одржат од 24 до 28 јануари.
„Овојпат на големото платно ќе можете да го погледнете филмот ‘Стела’, првиот македонски филм за деца, урнебесната комедија ‘Кариран нинџа’, препознатливиот ‘Петко пет плус’ и прекрасните анимирани филмови ‘Каламити’ и ‘Патувањето на принцот’“информираат од Кинотека.
24 јануари
(понеделеник) |
25 јануари
(вторник) |
26 јануари
(среда)
|
27 јануари
(четврток) |
28 јануари (петок) | |
12:00 ч. | ПЕТКО | КАРИРАН
НИНЏА |
КАЛАМИТИ | КАРИРАНИОТ НИНЏА | ПЕТКО |
14:00 ч. | СТЕЛА | ПЕТКО | СТЕЛА | ПАТУВАЊЕТО НА ПРИНЦОТ | СТЕЛА |
Влезниците се по цена од 100 денари.
„Уживајте во распустот додека трае!“, велат од Кинотека.