Утре почнува Стартап Викенд Скопје

Стартап Викенд Скопје, настан на кој учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите бизнис идеи, да се запознаат со стартап заедницата и да добијат вредни награди започнува во петок (28.10), а ќе трае до 30 октомври.

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти. Startup Weekend глобално има повеќе од 1500 настани во повеќе од 660 градови во 120 држави. Секој настан во просек има 85 учесници, кои реализираат околу 10 нови идеи.

Hub Skopje Скопје ќе биде домаќин на настанот. Како и на досегашните изданија, организаторите ветуваат квалитетни и искусни ментори од сите области, маркетинг, програмирање и дизајн,  коишто ќе бидат на располагање во текот на настанот за прашања и совети при процесот на создавање на продуктот, како и совети за негово претставување.

Тимовите ќе имаат можност да добијат совети од ментори од земјава како и од Холандија, Албанија, Словачка, Австралија, Украина и многу други.

Целосната листа на судии, агендата, ментори како и организаторите можете да ги најдете на www.sw.mk.

Организаторите ќе обезбедат и награди за учесниците, а дел од нив се: Free Power Pack by 99designs, Unlimited meeting hours for 1Y, 90 Day Free Unlim MyBalsamiq, 20% off pitch judging system.

Карта за Стартап Викендот може да се резервира на следниот линк.

Овогодинешни спонзори на настанот се USAID, CEED,  Swiss Confederation,  UNDP, mkHost, iSTYLE, Swisscontact, South Central Ventures, CORNER CASE, LETZ.

Дел од партнерите  на  Стартап Викенд Скопје се: Seavus Incubator, Seavus Education and Development center, New Man’s Business Accelerator, Brainster, EESTEC LC Skopje, IAESTE Macedonia, AIESEC, BEST Skopje.