Aвтобусите на ЈСП во петок ќе возат по неделен ред, а сабота, недела и понеделник нема да сообраќаат

Утре (17 април) јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но по неделен возен ред, соопштија од ЈСП.

Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на претпријатието.

Оттаму информираат дека во петок дежурни ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација.

„Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар. Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје“, стои во соопштението.

Согласно одлуката на Владата за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник, јавниот превоз нема да функционира. Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје.