Успешно заврши акцијата „Донирај храна, донирај книга“

По повод меѓународниот ден на волoнтерите 5ти декември, младите активисти од Младинскиот образовен форум, Ромаверзитас, МОФ, Биди зелен, Институт за човекови права и Македонски центар за европско образование, за прв пат оваа година организираа хуманитарна акција под името „Донирај храна, донирај книга“.

Успешно заврши акцијата „Донирај храна, донирај книга“Настанот беше инициран од младите волонтери, а токму нивните врсници беа најангажарани во донирањето. Најчесто се донираа книги и лектири, прво во просториите на невладините организации , а потоа и на два штанда, едниот на улицата „Македонија“, а вториот во студентскиот дом Пелагонија.

Успешно заврши акцијата „Донирај храна, донирај книга“„За оваа акција е важно тоа што беше иницирана од страна на волонтерите од различни организации кои не добија парични средства, туку ова го направивме од добра волја. Најголемо учество земаа млади луѓе кои ги донираа своите веќе прочитани лектири, атласи или прирачници. Особено се изненадивме што пристигнаа големи колични на храна токму од младите кои членуваат во овие организации. Најмал одзив имаше кај штандот пред Мајка Тереза “, изјави Сања Стефановиќ, волонтер од МОФ.

На штандот во студентскиот дом Пелагонија, пак интересот беше значително поголем, а студентите од домот се организираа за да помогнат.

„Со оглед на лошата економска состојба , ние младите од невладините организации ја подигнавме оваа акција со цел да им помогне на гладните и сиромашни граѓани. Пред се, голема благодарност до сите оние кои се вклучија во оваа организација и донираа храна и книги“, истакна волонтерот Сунаи Сабриоски и самиот сместен во „Пелагонија“ кој се заблагодари и на дел од професорите по новинарство од Правниот Факултет Јустинијан Први кои ја подржаа ова акција.

Сета собрана храна ќе се донира во повеќе семејства, преку Банката на храна во Македонија. Најголем дел од книгите пак деновиве ќе се однесат во библиоткета на ОУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово.

Бисера Ловачева