Универзитетот Аризона прв во САД нуди бесплатни магистерски студии

Од следната академска година, новите студенти на американскиот универзитет Аризона стејт ќе понуди бесплатна традиционална програма за магистерски студии по бизнис администрација за 120 студенти, со што станува првата американска високообразовна институција која прави ваков потег.

Во моментов, универзитетот за истата програма наплатува 54 000 долари за „домашни“ студенти и 87 000 за дипломци на други универзитети, а школарината не ги покрива трошоците на живот за време на двегодишните студии.

Главната цел на воведувањето бесплатна мастер-програма, според челниците на универзитетот, е да ја отворат нивната бизнис-програма за поширок избор на апликанти – оние кои не можат да си дозволат да ја платат скапата школарина, затоа што работат помалку платена работа или се одлучиле да основаат своја компанија, што со себе носи ризици. Парите за финансирање на првата генерација запишана на магистерски студии, универзитетот ги користи од фондот инвеститорот од областа на недвижностите William Polk Carey, кој донирал 50 милиони долари на Аризона стејт во 2003 година. Досега, во САД бесплатни беа само онлајн мастер-програми.