Унгарија воведува забрана против облакодерите повисоки од 90 метри

Унгарија воведува забрана која се однесува на изградбата на високи згради, со цел да го зачува хоризонтот во Будимпешта.

Министерот Гергел Гулаш, неодамна изјавил дека оваа забрана ќе се влијае на сите нови згради во Будимпешта кои надминуваат 90 метри. Забранате нема да влијае и да ги ограничува оние проекти кои веќе добиле дозвола за градба, а тука спаѓа и MOL Campus Tower на компанијата Foster + Partners.

MOL Group е глобална компанија за нафта и гас со седиште во Унгарија. Foster + Partners ги објавија плановите поврзани со изградбата на кампусот и облакодерот на оваа компанија во јужниот дел на Будимпешта во 2017 година.

Зградата се гради во склоп на новото седиште на компанијата MOL. Кулата со височина од 120 метри е изземена од ова ограничување бидејќи претходно веќе добила дозвола за градење.

Министерот најави дека владата има намера да ја засили контролата над изградбата на високите згради, а  забраната служи како прв чекор во овој план. Тој додал дека согласно прописите, зградите до 65 метри височина нема да имаат ограничувања поврзани со изградбата, додека зградите помеѓу 65 и 90 метри ќе бидат предмет на сложена постапка на испитување, која ќе ги зема во предвид и естетските критериуми.