Унгарците го отфрлија задолжителниот план на ЕУ за мигрантите, но референдумот е невалиден

Унгарците кои денес гласаа на референдумот, со големо мнозинство ги отфрлија задолжителните квоти за мигранти на ЕУ, соопшти Националната канцеларија за избори.

Но, анкетите покажуваат дека гласачите не успеале да постигнат 50 отсто излезеност, колку што е потребно за резултатот да биде валиден.

Со скоро сите пребројани гласови, 98 отсто ги отфрлиле квотите, изјавија официјални лица.

Премиерот Виктор Орбан ги повика Унгарците да го отфрлат планот на ЕУ, опишувајќи го како закана за безбедноста и начинот на живот во Европа.

Тој го опиша резултат како „огромен” и рече дека ЕУ „не може да ја присили” Унгарија да ги прифати мигрантите. Тој ги повика носителите на одлуки во ЕУ да го забележат референдумот.

ЕУ планира да пресели 160.000 мигранти низ целиот блок, што би значело дека Унгарија ќе прими 1.294 баратели на азил.

Граѓаните на денешниот референдум беа прашани: „Дали сакате Европската унија да биде во можност задолжително да пресели неунгарски граѓаните во Унгарија дури без одобрение на националното собрание?”

Унгарија беше една од транзитните држави за бегалците и мигрантите минатата година, кои се обидуваа да стигнат до Германија, или некоја од развиените европски земји. Но, државата беше критикувана поради затворањето на нејзината граница со Србија и Хрватска, со цел да го намали приливот на бегалци и мигранти.