Поткачен на место кое му нуди прекрасен поглед на игралиштето, фотографот James Mollison го чека училишното ѕвонче. Штом децата ќе поитаат кон надвор, тој се прави една по друга фотографија, фаќајќи го одливот и приливот на учениците во дворот и нивната игра. Во текот на работата се враќа во детството и настаните кои го обликувале неговиот карактер.
„Нема единствена рамка со која може да се пренесе комплексноста од емоции и искуства кои ги има во дворот на училиштето”, смета тој. „Затоа што сакав да создадам заводливи и слоевити слики, бев принуден да комбинирам делови од фотографиите кои се направени во текот на паузата“.
Тој својот резултат кој е компилација на повеќе фотографии во една, го нарекува „мирен тајмлапс“. „Ова можеби не е чиста документарна фотографија, но е вистинита. Сите овие интеракции се случиле, но не сите одеднаш. Времето е ставено во еден кадар “, додава британскиот создавач на слики.
Во време на развој на фото-новинарството, кога тоа се соочува со контроверзии поради обвинувањата за манипулации, фотографите како Mollison, кои работат вакви композиции се огласија во јавноста.
„Одлучувачкиот момент е одличен концепт, но ние не го искусуваме светот на тој начин“, вели фотографот Sean J. Sprague. „Животот е монтажа на појавите што се случуваат низ времето.Со трошење неколку часа на снимањето на сцена и соединување на елементите од секоја сцена во една рамка, јас создавам, на некој начин, поточен опис на тој простор, бидејќи не сум ги фатил подалечениот момент.“
По првата посета за документирање на внатрешноста на работата на свињарска фарма во 2010 година, што го оставила незадоволен од исходот, 33-годишникот се вратил за да помине неколку дена во сликање илјадници крупни снимки. Поминал месеци на уредување и внимателно разгледување на деталите каде што секој човек, но и свиња – требало да биде поставен на вистинското место, што пак резултирало со впечатлива и детална слика која ефикасно ја пренесува е чувство на такви големи операции.
„Постојат различни начини за да се каже вистината и понекогаш тоа мора да се направи со спојување(слики)“, вели Julie Blackmon, чија работа се фокусира на нејзините деца. Американската фотографка доаѓа од деветчлено семејство, а сега одгледува три деца.Таа вели дека го преферира создавањето композиции од различни слики бидејќи тоа и дава можност и слобода визуелно да ги пренесе впечатоците од своето семејство.