Уметнички проект за хуманитарни цели од среда во Јавна соба

Изложбата „Живот со Стил“, на Ана Марковска, која ќе се отвори на 26 април во Јавна соба, е замислена како партиципативен проект со хуманитарен карактер во кој ќе учествуваат повеќе јавни личности.

Тие ќе ги купуваат своите портрети од Марковска, а сликарката потоа ќе ги донира парите како социјален пакет на здружението „Во мојот свет“, кое помага за децата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.

Изложбата се отвора во 19 часот, а предвидено е да трае до 2 мај. Повеќе детали можете да најдете на фејсбук страницата на настанот.