Уметница создава Партенон од 100.000 забранети книги

Аргентинската уметница Марта Минухин создава огромно уметничко дело нарелено „Партенон на книги“, кој ќе биде конструиран на Фридрихплац во Касел, Германија. Споменикот ќе се состои од 100.00 забранети книги од сите страни на светот, а ќе служи како споменик на демократијата и интелектуалната слобода.

Локацијата е избрана поради нејзината историска значајност. Во 1933 година, нацистите изгореле две илјади книги таму, во таканаречената Aktion wider den undeutschen Geist (Кампања против негерманскиот дух). Биле уништени книги напишани од комунисти, Евреи и пацигфисти, заедно со сè друго што се сметало за „негерманско“.

Минухин го избрала Партенон – една од најголемите структури на Античка Грција, поради неговиот симболизам на издржливост и демократија низ вековите.

Кога станува збор за материјалите, таа ќе употреби 100.000 книги кои биле или сè уште се забранети во земјите низ светот, датирајќи од 1500 година до денес. Листата содржи околу 170 наслови, а нови предлози може да се достават на овој линк.

Некои од книгите кои се забранети се „Малиот принц“ на Антоан де Сен Егзипери (забранета во Аргентина), „Алиса во Земјата на чудата“ на Луис Карол (забранета во Кина) и „Голите и мртвите“ на Норман Мејлер (забранета во Канада).

Минухин создала сличен Партенон во 1983, после падот на диктаторството во нејзината демократија. Оригиналниот El Partenon de libros, вклучува книги кои претходната влада ги забранила. На крај, дозволила јавноста да земе што сака за своите приватни библиотеки.