Уметница ги исмева туристите кои прават селфи пред познати споменици

Trina Merry, уметница од Њујорк, неодамна била на патување на кое ги посетила најпознатите историски архитектонски дела во светот.

Забележала еден ист феномен секаде каде што била – група млади туристи поминувале повеќе време правејќи селфи, отколку на набљудување на уметноста.

„Всушност, тие само поминуваа крај локациите да направат селфи“, рекла таа за Mashable.

Инспирирана од ваквото однесување, заедно со британскиот манекен Kyle James ги посетила најпознатите историски споменици – Стоунхенџ, Колосеумот во Рим, Велигденските острови и Кинескиот ѕид.

Користејќи ги спомениците само како позадина, го „камуфлирала“ моделот сликајќи по неговото тело, со цел да се „претопи“ во околината.

„Камуфлирањето на моделот и правењето тој да изгледа како полека да исчезнува беше точниот избор за да го искажам тоа што го научив за западниот туризам“, вели таа.