Учи со клик(ер) – онлајн програма за помош при вработување и кариерен развој

Центарот за меѓукултурен дијалог, започнува со онлајн едукативна програма која има за цел да го доближи вработувањето до младите и да им понуди можност за отпочнување и надградба на професионални кариери.

Онлајн програмата се состои од е-курсеви наменети за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини и способности, се со цел да ги унапредат своите работни позиции и да им се олесни процесот на барање работа.

Преку курсевите младите ќе добијат подршка за подготвување на мотивациско писмо, подобрување на комуникациски вештини, како и планирање и реализирање проектни идеи. Курсевите се наменети за  студенти, ученици, млади луѓе кои активно бараат работа или се веќе вработени и кои имаат потреба од усовршување на своите знаења и вештини.

Секој курс  е бесплатен и е во времетраење од 20-30 работни часа, а начинот на учење и следење на курсот го определуваат самите учесници. Курсевите може да се следат од компјутер, мобилен телефон или таблет. За секој курс учесниците се здобиваат со сeртификат.

Досега се достапни е-курсеви на теми проектен менаџмент, комуникациски вештини и професионално портфолио.

Првиот циклус на курсевите започнува на 11-28 февруари, а вториот од 05-25 март. Пријавувањето за првиот циклус е отворено до 10 февруари. Повеќе информации се достапни на веб страната e-region.eu/mk/.