Уапсена оперска пејачка во Вирџинија поради бучава

Интернационално наградувана оперска пејачка била уапсена во Александрија, Вирџинија, овој викенд, бидејќи користела звучник за да го засили нејзиниот глас додека пеела на тротоар.

Во видеото, направено со мобилен телефон, се гледа како локални полицајци ја приведуваат Криста Клоус, откако се спротивставила на нивните наредби. Таа беше обвинета за рушење на јавниот ред и мир.

Клоус за локален медиум изјавила дека не правела ништо друго, туку само го изразувала своето право загарантирано со првиот амандман. Таа рече дека со бакшишот што го добила од пеењето на улица ќе помогне на своето семејство.

Според официјалната веб-страница на градот, властите имаат должност да спречат каква било бучава што би им пречела во удобноста, здравјето, средината, мирот, безбедноста на граѓаните во Александрија.

Клоус била пуштена од затвор следното утро.

Според полицискиот оддел на градот, невообичаено било нејзиното апсење, но дека била коректна акција, поради нејзиниот отпор.