Твитер станува моќна алатка во официјалната комуникација

„Утрово мексиканската Армија го уапси Марио Рамирез Тревино“, со оваа реченица на Твитер, во саботата министерот за надворешни работи на Мексико го објави апсењето на најголемиот нарко бос во земјата, објави БиБиСи.

Твитер станува моќна алатка во официјалната комуникација

Полека, но сигурно социјалната мрежа го презема приматот на алатките како телефонот и мејлот, коментираат експертите.

Како поддршка на ова трврдење се споменува случајот во шпанскиот град кога градоначалникот, Жозе Антонио Родригез побара од одговорите и вработените во градската администрација да отворат јавен твитер профил за да бидат подостапни за граѓаните.

Оттука преку Твитер, беше побарано да се одвиваат сите комуникации, од прашањата за полициските возила и униформи, па се до проблемите со камионите за собирање отпад.

Дека властите се повеќе го користат Твитер во јавната комуникација покажа и неодамнешното истражување Twiplomacy на најпознатата светска компанија за односи со јавност и комуникации „Бурсон-Мастелер“.

Резултатите покажаа дека 77.7 отсто од светските лидери имаат профил на оваа популарна друштвена мрежа, а 68 отсто од лидерите комуницираат меѓусебно преку Твитер.