Твитер од денеска на берза – акција чини 26 долари

Американската компанија „Твитер“ ја утврди почетната цена на нејзините акции при првото нивно котирање на берзата во Њујорк на износ од 26 долари за акција.

Златни правила за Твитер бонтон

Цената беше фиксирана по синоќешното затворање на Њујоршката берза. Се очекува акциите на компанијата да започнат со котација на Волстрит во текот на денешниот ден.

Планирано е компанијата на Њујоршката берза да понуди 70 милиони акции, што ќе и овозможи да заработи 1,82 милијарди долари.

Првично предвидената цена за акција од страна на компанијата се движеше во опсег од 23-25 ​​долари по акција.

„Фактот дека почнаа со пониска цена, а потоа ја зголемија и успеаја да ги пласираат акциите на очекуваната горна граница , значи дека има голема побарувачка “, смета Керол Рот , поранешен инвестициски банкар за CNBC .

Акциите на Twitter ќе почнат да се тргува на њујоршката берза денес под берзанскиот симбол TWTR . Некои инвеститори остануваат претпазливи и најавија дека ќе почекаат да видат како ќе се справи компанијата со излегувањето на берза.

„Не сме толку убедени дека бизнис моделот на Twitter ќе биде толку успешен како оној на Facebook или Google “, претпазлива е Чанинг Смит од Capital Advisors Growth Fund .