Турското кафе доби заштита од УНЕСКО

Турското кафе од денеска е ставено на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, јавуваат светските медиуми. Одлука била донесена на седница на 8-та седница на меѓувладиниот комитет на УНЕСКО, која се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку.

Турското кафе доби заштита од УНЕСКО

На седницата учествуваа 780 претставници од 116 држави, а на неа биле разгледани вкупно 38 предлози.Предлогот за ставање на турското кафе на листата светско нематеријално културно наследство бил прифатен со значително мнозинство.

Според турскиот претставник во УНЕСКО Оџал Огуз, предлогот бил даден од турското Министерство за култура и туризам, а тоа ќе им се придружи на дервишкиот танц, театарот на сенките и борачите пеливани, кои се останатите турски културни добра на оваа листа.

„Турското кафе е повеќе култура отколку пијалак, а во светот тоа е познато поради својот стил, методот на приготвување и традиционално послужување“, вели Огуз.

Целта на листата на материјални културни добра на УНЕСКО е тие подобро да се зачуваат и да се промовира културната различност и креативното изразување.

Извор