Турскиот „Столб од сол“ вечерва на Скопје филм фестивал

Филмот „Столб од сол“ на турскиот режисер Бурак Чевик ќе може да се погледне вечер во киното „Фросина“ во рамки на програмата на 21. Скопје филм фестивал.

За филмот снимен 2018 година, се вели дека е повеќе концептуален отколку наративен филм, но го држи силно чувство на формална иновација и еднообразна карактеристична текстура.

Во ревијата филмови на Алфред Хичкок во терминот од 17 часот ќе се прикажува „Ребека“ (1940) со Лоренс Оливие, Џоан Фонтејн и Џорџ Сандерс во главните улоги.